Барселона на гости го совлада Бетис 2-5 и го израмни неверојатниот рекорд кој го држеше Реал Мадрид од сезоната 1968/1969 со 9 победи по ред во шпанското првенство.
Притоа Барса постигна досега дури 39 гола во 9 кола што е втор најдобар резултат во историјата на шпанскиот фудбал. Рекордот го држи Севиља со 42 гола во 9 кола во сезоната 1940/1941.
Стрелци на головите во убедливиот триумф на Барса беа Ламин Јамал со страшниот еврогол во 10' минута, Родри даде дебитантски прв гол за Барса во 41' минута. Во вториот дел Габриел Жезус во 51' минута, Ерик Гарсија во 62', Дани Олмо во 81' минута.
На табелата Барселона е прва со 27 бода (9/9), Атлетико Мадрид втор со 22 бода, Бетис е трет со 19 бода а Реал Мадрид е четврти со 18 бода но и натпревар помалку.