2.208 – Победничкиот гол на Иниеста во финалето помеѓу Шпанија и Холандија во 2010 година беше 2.208 гол постигнат на Светските првенства.
0 – Гилермо Стабиле немаше ниту еден настап за селекцијата на Аргентина пред првото Светско првенство во 1930 година, а првата шанса ја искористи со тоа што стана прв стрелец со 8 голови.
4 – Од почетокот на Мундијалите, само на четири меча капитените и на двата тима успеале да постигнат погодоци.
9 – Откако во 1954 година на дресовите беа воведени бројки, само четворица играчи со број 9 станаа најдобри стрелци на Светските првенства. Дражен Јерковиќ (Југославија) во 1962, Олег Саленко (Русија) во 1994, Давор Шукер (Хрватска) во 1998 и Роналдо (Бразил) во 2002 година.
517 – За време на Светското првенство во Италија 1990, голманот на домаќините Валтер Ѕенга успеа да не прими гол 517 минути.
3 – Во 2006 година на натпреварот помеѓу Хрватска и Австралија, Јосип Шимуниќ доби дури три жолти од судијата Пол Грам. Откако му го покажа вториот тој заборави да му го покаже патот кон соблекувалната, па црвениот картон го извади дури по трите жолти.
11 – Луис Фелипе Сколари како селектор го држи рекордот со најмногу победи по ред. На Мундијалот во 2002 година победи на седум меча со Бразил, а победничката низа ја продолжи со Португалија четири години подоцна кога триумфираше уште на четири натпревари.
300 – Најслабо посетен натпревар во историјата на Светските првенства е оној во 1930 година кога на средбата помеѓу Романија и Перу имало само 300 гледачи.
16 – Селекцијата на Јужна Кореја го држи неславниот рекорд по најмногу примени голови. Во 1954 година загубија од Турција со 7:0, а од Унгарија 9:0.
4 – Западна Германија/Германија успеа да ги добие сите четири пенал серии на Мундијалите.
14 – Англискиот судија Хауард Веб на финалниот меч помеѓу Шпанија и Холандија во 2010 година подели 14 жолти и еден црвен картон, што е рекорд во едно финале.
20 – Четири години пред тоа, на Мундијалот во Германија, рускиот судија Валентин Иванов на средбата Португалија – Холандија покажа 20 картони од кои 16 жолти и 4 црвени
7 – Селекциите на Бразил и Шведска на Светските првенства имаат 7 соочувања, во 1938, 1950, 1958, 1978, 1990 и две во 1994. Бразилците имаат 5 победи 2 нерешени.
14 – Ниту еден друг Светски шампион не стигнал до златниот пехар со толку многу примени голови. Германците во 1954 година, во групната фаза примија еден гол од Турција, осум од Унгарија потоа уште два повторно од Турција. Во полуфинале еден од Австрија и во финалето два од Унгарија.