По поразот од Камерун на пријателскиот натпревар во Австрија, нашите најдобри фудбалери денес ремизираа без голови против Катар.
Недоволната концентрација на нашите напаѓачи не чинеше победа против заливската селекција. Илијоски и Јаховиќ не погодија две чисти шанси за победа на Македонија. Имавме доминација во посед на топката, упативме 14 удари кон голот на Катар, но не успеавме во реализацијата.
„Генерално позитивно е што добивме неколку играчи за во иднина. Денеска игравме храбро, свесно презедовме ризик и вистинска штета е што не реализиравме. Среќата беше на страна на Катар. Реализацијата е нашиот проблем, техничкиот потег одлучува натпревар, ние денеска го немавме, но се надевам дека на важните дуели ќе бидеме на вистинско ниво и во тој дел“ – изјави селекторот Бошко Ѓуровски за сајтот на ФФМ.
На денешниот пријателски дуел против Катар, за Македонија настапија следните фудбалери: Наумовски (Ефремов 46'), Георгиевски (Тодоровски 74'), Грнчаров (Дамчевски 46'), Ристевски, Цуцули, Спировски, Абдурахими (Велковски 61'), Трајковски (Маневски 74'), Ибраими (Илијоски 64'), Тричковски (Сулејманов 64' – Бабунски 78'), Костовски (Јаховиќ 59').