Агенцијата за спортска статистика и анализа, Opta sports ги анализираше настапите на играчите во петте најсилни лиги во Европа (Англија, Шпанија, Франција, Италија и Германија) и го состави идеалниот тим на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Бразил.
Тие анализираа по 2.000 настани во 250 различни статистички категории од секој натпревар за играчи од различни позиции, а единствени репрезентации кои имаат по два претставника во идеалниот тим се Германија и Уругвај. По еден играч во тимот имаат Белгија, Италија, Англија, Чиле, Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Португалија.
Идеалните 11:
Голман: Тибо Куртоа (Белгија)
Одбрана: Филип Лам (Германија), Диего Годин (Уругвај), Џорџо Киелини (Италија), Лејтон Бејнс (Англија)
Среден ред: Артуро Видал (Чиле), Марко Ројс (Германија), Јаја Туре (Брегот на Слоновата Коска)
Напад: Луис Суарез (Уругвај), Лионел Меси (Аргентина), Кристијано Роналдо (Португалија).