Роналдо е најславна и најпрепознатлива фудбалска фигура

Според светското маркетинг истражување на Repucom базирано на 6.500 луѓе во 13 земји, 72% од луѓето кои го знаат, рекле дека им се допаѓа.

Во глобални рамки, 83,9% од луѓето знаат за ѕвездата на Реал Мадрид, а во земјите како што се Италија, Шпанија, Германија, Турција и Аргентина, тој е познат кај 95% од популацијата. Роналдо се смета и за најголем трендсетер помеѓу колегите со тоа што 82,5% сметаат дека тој влијае врз трендовите во општеството.

Најдобриот фудбалер според ФИФА за 2013 година има 82 милиони фанови на Фејсбук и 26 милиони следбеници на Твитер, а е еден и од најбараните фудбалери во сферата на маркетингот.

Има договори со компании како Армани и Хербалајф, од Емирати заработува годишно по 2,5 милиони, а од Најк 9,5 милиони долари. Само изминатата година продаде еден милион дресови, повеќе од сите фудбалери на Баерн Минхен заедно.

На втората позиција од ова рангирање очекувано е Меси, но изненадувачки по него се Пике и Торес. Дефанзивецот на Барселона како играч освои сè, а љубовната врска со Шаќира му донесе уште поголема слава. 58% од луѓето знаат за него, а три четвртини велат дека им се допаѓа.

28 мај 2014 - 17:12