Перез беше назначен за претседател на Реал Мадрид во јули 2000 година и со познатиот Галактико тим составен од славните Зидан, Роналдо, Фиго, Карлос, Раул стигна до европската круна благодарение на незаборавниот волеј на Зи Зу на финалето во Глазгов против Баер Леверкузен.
Успехот се обиде да го повтори со скапи засилувања од типот на Бекам, Самуел, Рамос, Робињо, Баптиста, но на Реал не му одеше. Во 2006 на “кралската“ фотеља седна Рамон Калдерон кој за спортски директор го назначи Предраг Мијатовиќ, а за нов тренер Фабио Капело, но повторно немаше меѓународно славје.
Во 2009 година кам бек на голема врата направи Флорентино Перез и во првата сезона потроши неверојатни 264 милиони евра за засилувања меѓу кои беше најскапиот трансфер на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.
Од освојувањето на Европа со Висенте Дел Боске па до десетката на Карло Анчелоти, „Кралевите“ потрошија 1,1 милијарда за засилувања и сменија 10 тренери.
2002/2003 – 45 м. 2003/2004 – 25 м. 2004/05 – 62,5 м. 2005/06 – 101 м. 2006/07 – 102 м. 2007/08 – 89 м.
| 2008/2009 – 62 м. 2009/10 – 264 м. 2010/11 – 73,5 м. 2011/12 – 55 м. 2012/13 – 33,5 м. 2013/14 – 171,7 м.
|