Шпанскиот клуб Еибар во моментов е во процес на собирање средства за до добие дозвола за настап во Ла Лига. По одличната сезона во втората шпанска лига, тие се изборија за промоција во елитата, но нивниот клуб и буџет се премали и сe уште немаат добиено лиценца.
За да ја добијат дозволата им се потребни 1,75 милиони евра и до сега имаат продадено акции во вредност од околу милион евра. Ако сакате да им помогнете, клик тука.
Овој викенд тие ќе прават прослава по повод нивниот успех, но и за оваа забава тие мораа да бидат скромни и да штедат пари. Дури и конфетите кои ги купија се од втора рака.
И тоа не било кои конфети, туку конфетите на Барселона. Каталонскиот гигант се подготвуваше за прослава на титула, но не успеаа да го победат Атлетико Мадрид, па црвено-сините конфети им останаа неискористени. И Еибар ги има истите бои на нивниот грб, па ти ги откупиле конфетите со попуст за нивната прослава во сабота.