Бразилците ја најавуваа како замена за бучната вувузела од која не болеше глава додека ги гледавме натпреварите на Светското првенство во Јужна Африка, а за промоцијата на инструментот наречен каширола се ангажираше и претседателката на Бразил, Вилма Русеф.
Но официјалниот инструмент на Светското првенство во Бразил имаше несреќна судбина.
Најпрвин имаше неуспешно деби кога беа поделени 30.000 кашироли на натпреварот меѓу Виторија и Бахиа, но при резултат 2:0 за Викториа, гневните навивачи на Бахиа ги употребија каширолите како проектили.
Следниот месец ФИФА соопшти дека на навивачите кои присуствуваа на натпреварите на Купот на конфедерациите кој се одржа во Бразил ќе им биде забрането на стадионите да внесат каширола, а сега истото се случи и со Мундијалот. Официјалниот инструмент на Светското првенство во Бразил и официјално е забранет на Светското првенство.