Стадионите во Бразил можеби немаат абер и инфраструктурата за Светското првенство кое ќе се одржи следното лето се уште не е подготвена, но организаторите на првенството барем решија едно клучно прашање. Го избраа официјалниот инструмент на првенството!
За време на натпреварите во Јужна Африка не болеше глава од вувузелата, а во Бразил ќе ја слушаме каширолата.
Инструментот ќе биде тестиран викендов на дербито помеѓу Бахиа и Виториа кога каширола ќе им биде поделена на 50.000 навивачи.