
Инструментот каширола кој на Светското првенство во 2014-та година треба да биде замена за вувузелата од која не болеше глава за време на Мундијалот во Јужна Африка, викендов беше промовиран и на фудбалски стадион.
30.000 кашироли им биле поделени на навивачите на дербито помеѓу Виториа и Бахиа, но дебито на инструментот имаше неславен крај.
При резултат 2:0 за Викториа, гневните навивачи на Бахиа ги употребија каширолите како проектили.