Шарените удиралки кои Бразилците ги смислија како замена за бучните вувузели и треба да се користат на стадионите за време на Светскоо првенство, се забранети на Купот на конфедерациите кој ќе се одржи следниот месец во оваа земја.
„На навивачите нема да им биде дозволено на стадион да внесат музички инструменти, а тоа се однесува и на каширолата", изјавија организаторите на Купот.
Одлуката е донесена по инцидентот кој се случи на 28 април кога навивачите фрлија стотици кашироли на теренот за време на натпреварот против Бахиа и Виториа.
Купот на конфедерациите ќе се одигра од 15 до 30 јуни, а каширолите ќе бидат забранети и на пријателските натпревари како оној помеѓу Бразил и Англија кој ќе се одигра следната недела.