Offside

Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2026 и најдобар играч на светот според изборот на ФИФА за 2025, Шпанецот Родри најверојатно ќе премине во Барселона. Иако долго време го поврзуваа со Реал Мадрид.

Вејд во ритам против Леброн, 23 победа на гости за Антиќ

Двејн Вејд со 32 поени сам го победи Кливленд на Леброн Џејмс. Кајл Лаури запиша трипл-дабл, Атланта славеше во Сакраменто и стекна предност на домашен терен во Плејофот.

Фиорентина и Милан играа без судија

Главниот судија Кармино Русо кој го судеше вечерашниот меч од Серија А меѓу Фиорентина и Милан 2:1, не можеше ја доврши средбата поради повреда. Но подготвувањето на неговата измена беше загубено време за фудбалерите кои продолжија со игра без делител на правдата.

Вардар и Манчестер Јунајтед по мерка на Типстерите, ПСЖ разочара

Изминатава недела кредити беа загубени и на киксот на Манчестер Сити против Барнли и на поразот на Реал Мадрид од Шалке во Лигата на шампионите.

Смртоносно аргентинско дерби

Една жртва, друг се бори за живот, луѓе од трибини скокаат на терен, слабо обезбедување и скандалозно судење. Ова е описот од синоќешниот меч меѓу омилениот тим на Папата Бенедикт 16-ти и Хуракан, во земјата каде често пати фудбалот е во сенка на насилството.

Калу почна да го руши Берлинскиот ѕид?

Поранешниот фудбалер на Челси кој настапува за Херта Берлин е фатен на дело во една неочекувана акција, а тоа е како го уништува Берлинскиот ѕид.

Кои нокаути на Тајсон се за во филм?

Легендарниот боксер на својот Јутјуб канал постави видео со сите негови 43 нокаути во кариерата. На тој начин „Железниот“ сака публиката да му помогне да ги одбере најдобрите 10 нокаути, кои ќе се прикажат во документарниот филм „Приказната за Мајк Тајсон“. Целиот проект го спремаат Џејми Фокс и Мартин Скорцезе.

Здравјето е поважно од шутот за милион долари

Неговиот обид за кош од половина терен го видоа преку 6 милиони луѓе, но никој од нив не знаел дека човеков за да преживее мора да пие по 39 апчиња дневно.

Кога името Челси ќе ти донесе мака и слава

Девојка од Сан Франциско е фотограф по професија и нема ама баш никаква врска со фудбалот, освен што се вика како англискиот клуб. Тоа и носи неволја, коментари и следбеници на Твитер.

Пенал подарок на грчки начин

Добро е што некој го снимал третолигашкиот грчки меч меѓу Каламата и Ачаики, инаку ќе ја пропуштевме можноста да видиме како се суди пенал кога некој сам ќе се фаулира.

Најдоброто од Ливерпул - Стиви Џи

Дали ќе игра во ЛА Галакси или тимот од САД ќе го позајми некаде во Европа уште не е познато. Единствено е јасно дека на навивачите на Ливерпул ќе им фали осумката со капитенската трака како истрчува на Енфилд. Еве и зошто.

Колку нерешени, толку музика во Серија А

Откако брои 20 тимови кои земаат по три бодови за победа, во италијанското првенство само Јувентус во сезоната 2011-2012 ја освои титулата со дури 11 нерешени резултати. Рома на Олимпико не знае за победа 105 денови.

Милан - Фиорентина во 19:00 и Рома - Сампдорија во 21:00

Спортскиов викенд не е завршен, вечерва имате за гледање пет директни преноси од италијанско, англиско и шпанско првенство, прегледи со голови и Телеспорт.

Меси тера по свое, веќе има повеќе голови од лани

Аргентинецот во 2015. година даде 20 голови и 12 асистенции, со што поведе во трката за Златна Копачка и стана деветтиот најдобар стрелец во историјата на европскиот фудбал

Шампионот убедлив, Антиќ стартуваше за Атланта

Синоќа во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележија сигурните победи на Кливленд Кавалирс, Сан Антонио и Атланта Хокс. Повреди заработија Кајл Корвер и Ману Џинобили, но ќе бидат спремни за плејофот.

Осврт на тринаесеттото коло на Бизнис Лигата

13. коло во Бизнис Лигата на Македонија ќе го паметиме по тоа што голем дел од екипите со целосен пресврт дојдоа до бодовите во „инфаркт" завршници.

Заврши црната серија, МЗТ конечно победи во АБА

Во натпревар на екипите кои играат најлоша сезона откако се во АБА лигата, македонскиот шампион го победи актуелниот првак на Јадранот, Цибона со 78:65.

Ман. Јунајтед - Тотенхем од 17:00 и МЗТ - Цибoнa oд 21:00

По синоќешната ракометна сабота, денес во Европа на програмата се фудбалски натпревари од најдобрите пет лиги, како и дуел од НБА лигата.

Триумфално отворање на Луис Хамилтон

Британскиот пилот и актуелен шампион во Ф1, Луис Хамилтон во голем стил стигна до победата на трката за Големата награда на Австралија. Одлично деби за Наср, но не и за најмладиот пилот во историјата, Макс Ферстапен.

Висла длабока за ракометарите на Вардар, убедлив пораз во Полска

Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.

Вардар го завери четвртфиналето, во Јане падна Динамо Синара

Во последното коло од групната фаза, ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Динамо Синара 28:27. Амандин Лејно со дури 14 одбрани беше најзаслужна за триумфот на црвено-црните, кои во четвртфиналето ќе играат против унгарскиот Ѓер.

ЖРК Вардар - Динамо од 19:00 и Висла - РК Вардар од 20:45

Вo денешнaтa спортска сабота нa тв ги имaте нaтпревaрите oд ЛШ на машката и женската секција на Вардар, кaкo и мнoгу меѓунaрoден фудбaл.

Осми сезонски трипл-дабл за Вестбрук

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Феникс Санс 96:87, а во триумфот пристојна партија пружи Перо Антиќ. Чикаго прокоцка 19 поени предност, а Вестбрук е се поблизу до МВП наградата.

Кога во рерна ќе најдете 16 карти за фудбал

Навивач на англискиот Норвич Сити се запрепастил кога дознал дека на мајка му по грешка во рерна ѝ паднало пликото во кое имало 16 влезници за дуелот Брајтон - Норич Сити.