Навивачката група Фемили Аеродром денеска реагираше преку Фејсбук со долго соопштение во кое го истакнуваат својот револт кон раководството на клубот. Своите аргументи тие ги образложуваат во осум точки како одговор на текстот за кој велат дека е нарачан, дека се повторува во повеќе портали и во кои има осум прашања наменети за нив.
Еден од нив:
Од текстот до навивачите:
„Ако на Family им е важен клубот, зошто тогаш кога клубот ги бележи најголемите успеси во својата историја му прават опструкции, дали поважен им е клубот или некој друг?“
Одговор на навивачите:
„Какви опструкции? Играчите и тренерот добија максимална поддршка, никој не беше ставен во незгодно туку напротив заедно и се славеше. И на состанокот со нив после срамниот пораз од Левски пак им се кажа дека имаат поддршка. Управата т.е. главниот во клубот не може да се поистовети со цел клуб. Тој е таму во функција на клубот, а тоа што вие го пишувате и го доживувате е сосема обратно. Еден човек не е клуб, не бил никогаш и нема ни да биде. Ако вие имате намера да го ставите на пиедестал затоа што ви е претпоставен ние немаме намера истото да го направиме бидејќи на нас клубот МЗТ Скопје ни е пред сè, а не управата која го води. Управата ќе си замине, ќе останеме ние и името на клубот.“
Фемили Аеродром ги бојкотираше натпреварите на МЗТ Скопје во вториот дел од сезоната, поради тоа што не се сложуваа со политиката на клубот кој често ги менуваше тренерите. Пред неколку дена тие збеснаа откако им беа отстранети неколку графити, особено еден од најголемите во населбата Аеродром на основото училиште „Блаже Конески“. Од општина Аеродром излегоа со соопштение дека ги бојадисувале училиштата за да ги подготват за новата учебна година.
Навивачите на МЗТ на Фејсбук страната која ја водат за клубот посочија виновник.
Осумте прашања до навивачите ги имате тука, а нивните одговори на овој линк.