Таг: фемили аеродром

Фемили Аеродром со остра парола до директорот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го доби Гостивар 96:90 во 6. коло од Првата лига, но дури во продолженијата. Навивачите изразија незадоволство од тоа како управата го води клубот и обвини за долгови од стотици илјади евра и нетранспарентно работење.

Остри зборови на Фемили Аеродром до Перо Антиќ

Навивачите на МЗТ Скопје веќе некое време се свртени против првиот човек на КФМ. Овој пат го нападнаа најсилно, со образложение во каква состојба е мак баскетот.

Чкембари им запленија навивачки реквизит на Фемили Аеродром

МЗТ Скопје ја доби и третата пресметка против Пелистер во финалето и со тоа стигна до нова титула во македонскиот шампионат, вкупно 10-та. Гостите подобри на паркетот во салата Боро Чурлевски, а домашните навивачи поуспешни од гостинските. Се пофалија дека им здиплиле маица.

Навивачите на МЗТ со бугарско знаме ги провоцираа Чкембари

По теркот на Комити на ракометното дерби и Фемили Аеродром ги пецнаа битолчани за бугарофилство. Причината за тоа е што на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола имало и членови на навивачката група Чкембари.

Спектакуларно пиротехничко шоу, Фемили Аеродром слават јубилеј

Навивачката група Фемили Аеродром одбележува 25 години од своето постоење. Јубилеј кој го прославија со бакљи од железничка станица по цел булевар. Славјето ќе продолжи вечерва во Јане Сандански, бидејќи од 21 часот МЗТ игра полуфинале од завршниот турнир во АБА 2 лигата.

Коби Брајант во срцата и на Фемили Аеродром

Навивачите на МЗТ Скопје се познати по многуте графити кои ги изработуваат, особено на свој терен во населба Аеродром. Овој пат изненадија и со едно прекрасно ремек дело во чест на трагично загинатата мега ѕвезда. Му посветија графит на Коби со сите нишани. Браво за потегот.

Кумановци и Аеродромци (2014)

Со цел да се искорени употребата на ладни оружја од кои страдаат многу млади луѓе, навивачкиот свет веќе неколку години инсистира на машка, витешка пресметка со ривалите (народски со голи раце). Прва ваква фер договорена борба пред неколку години имаа Кумани од Куманово и навивачите на МЗТ Скопје „Фемили Аеродром“.

Фемили Аеродром се враќаат на трибина

По речиси две години и шест месеци во бојкот, најверните навивачи на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје наскоро би можеле одново да бидат „ветар во грб“ за Металците.

Ја знаете ли индонезиската „И нека знае Јадранот“?

Не можеме да се кладиме дека ја слушнале од Аеродромците, иако навивачите на МЗТ Скопје тврдат дека не знаат кој освен нив ја преработил епската I beleive I can fly. Во секој случај како и да е, мелодијата е певлива и многу заразна.

Како Фамилија Аеродром го црташе огромниот графит

Графитот долг 350 метри и висок три метри на кејот на Вардар во Аеродром беше дел од акцијата ФАтаморгана со која Фамилија Аеродром се почасти за својот 20-ти роденден. Го спремаа 5 дена.

Фемили Аеродром направија шоу на Вардар за роденденот

Ако сте под клима или некаде под сенка немој да кукате дека ви е жешко, туку гледајте што правеа летово навивачите на МЗТ Скопје.

Провокацијата на Центарци низ Аеродром

Пред почетокот на последното градско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, група навивачи на центарскиот клуб одлучија да направат мини екскурзија низ делот од градот каде „не се јаде ниту домат затоа што е црвена боја“. За среќа, немаше близок контакт меѓу двете страни кои подоцна на мечот вербално се препукуваа.

Блаже Конески во Аеродром со боите на Работнички

Општина Аеродром соопшти дека ќе почне со бојадисување на училишните фасади како дел од подготовките за новата учебна година. Но случајно или намерно изборот на бојата им е контра на боите на графитите кои ги користат Фемили Аеродром и кои се симбол на клубот.

Фемили Аеродром vs Ивица Конески

И покрај завршувањето на сезоната и освојувањето на титулата во домашниот шампионат продолжува конфронтацијата меѓу навивачите и управата на МЗТ Скопје која се води преку медиумите и социјални мрежи.

Гробари доаѓаат во Скопје во сопствена режија

Иако во Јадранската лига гостувањата се забранети, навивачите на МЗТ Скопје и на Партизан веќе три сезони по ред наизменично присуствуваат на дуелите на своите екипи во Скопје и во Белград. Во аеродромскиот клуб не е стигнат допис дека ќе дојдат.

Црна 2014-та од навивачки аспект

Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.

Фемили Аеродром упадна во Градски парк

Вчера вечер во салата Градски Парк влегла група навивачи на МЗТ Скопје и ги нападнала неколкуте членови на ЦПБ, по што им зеле дел од кореографија подготвувана за денешниот дуел.

Фемили Аеродром и Сити Парк Бојс го обоија Скопје

Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.

Крај на проклетството

Денес, може МЗТ ги има Далман, Чековски и Гечевски, ама само еден играч е најзаслужен за разбивањето на дваесет годишното проклетство. А тој играч игра не игра на терен... игра на трибина

Навивачите на МЗТ не се навикнати на пехари

Славјето на навивачите на МЗТ Скопје по освојувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија беше огромно. Тие 12 години му се немаат радувано на ваков трофеј, па најверојатно заборавиле како се ракува со пехари. Желбата да се подигне пехарот беше преголема, па во целата еуфоријата настрада едната рачка.