Фемили Аеродром направија шоу на Вардар за роденденот

Ако сте под клима или некаде под сенка немој да кукате дека ви е жешко, туку гледајте што правеа летово навивачите на МЗТ Скопје.

Навивачката група на МЗТ Скопје „Фемили Аеродром“ во знак на протест кон управата веќе извесен период не оди во сала да го бодри клубот. Но тоа не значи дека се растурени, туку нивната сплотеност ја покажаа кога е најтешко.
 
Во манир на големите навивачки групи низ светот направија спектакл кој ќе се памети, а повод е прославата на 20 годишнината од нивното постоење.
 
Пред неколку дена покажаа гигантски графит покрај реката Вардар, а сега снимија и ноќно видео и направија пиротехничко шоу за јубилејниот роденден.
 
Се работи за графит долг 350 метри и висок скоро 3 метри на кој е напишана една од нивните најпопуларни навивачки песни:
„Цел живот мој на тебе посветен, чудесен е овој свет, цел е плаво-бел, кога играш ти, трибина лудува, нека дојде кој сака е наша порака“.
Македонската тифо сцена е сиромашна и сè уште може да се чујат тотално неинвентивни и излитени песни од типот „Сакаме победа“ или „Пичка ви матер“, но овој потег на аеродромци во пеколов кога сите кенкаат за на море е за аплауз.
24 јули 2017 - 16:57