Инцидентот го потврдуваат членови на двете навивачки групи, а според очевидци, група од околу 30 членови на ФА влегла во салата по што дошло до масовна тепачка, во која „паднала“ кореографијата на Бојси. Аеродромци не чекаа долго и доцна вечерта ја објавија фотографијата со навивачкиот трофеј.
Нешто слично навивачите на Работнички направија пред неколку сезони, кога од салата Јане Сандански земаа едно од ударните знамиња на „фамилијарните“ и го скинаа за време на дерби натпревар во Аеродром.
Црвениот и синиот дел на градот ќе се сретнат вечерва во Парк од 18:00 часот, во дуел од 4. коло на македонската Прва лига. Во досегашниот дел од првенството, Работнички има 2 победи на 2 натпревари, МЗТ Скопје 1 триумф и 1 пораз од Фени Индустри.
Дербито претходно го најавија преку графити.