Блаже Конески во Аеродром со боите на Работнички

Општина Аеродром соопшти дека ќе почне со бојадисување на училишните фасади како дел од подготовките за новата учебна година. Но случајно или намерно изборот на бојата им е контра на боите на графитите кои ги користат Фемили Аеродром и кои се симбол на клубот.

На другиот ѕид од училиштето, отстранет е и еден од најголемите графити на навивачите на МЗТ Скопје.

Шампионот на Македонија излезе со соопштение во одност на користењето на името МЗТ Скопје Аеродром на социјалните мрежи:

„Ве известуваме дека кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје и официјално ќе можете да го следите на социјалната мрежа Фејсбук преку линкот https://www.facebook.com/pages/KK-MZTSkopje-Aerodrom/862425437165009 .

Сите информации и новости поврзани со КК МЗТ Скопје Аеродром отсега и официјално ќе бидат презентирани и на најпопуларната социјална мрежа. За страниците кои недозволено го користат името КК МЗТ Скопје Аеродром, како и неговите фотографии и видео материјали, и кои во име на кошаркарскиот клуб соопштуваат информации кои не се официјални информации на МЗТ Скопје Аеродром е покрената постапка за нивно отстранување или веќе се отстранети.

Актуелниот македонски шампион покрај официјалниот сајт www.mztskopjeaerodrom.mk , официјално е застапен и на социјалните мрежи: Youtube: https://www.youtube.com/user/BlueWhiteAerodrom и Twitter: https://twitter.com/kkmztskopje"

Потоа реагираа и навивачите:

За војната меѓу раководството и навивачите на МЗТ Скопје пишувавме и вчера.

19 јуни 2015 - 14:02