Аргентина ја почна Копа Америка со неочекуван резултат 2-2 против Парагвај. Аргентинците имаа водство од 2-0 на полувремето, а по излегувањето од тунелот камерата фати необичен разговор меѓу Лео Меси и Анхел Ди Марија.
Фудбалерите на Барса и Манчестер Јунајтед му се потсмеваа на селекторот Херардо Тата Мартино на неговиот говор во соблекувалната на паузата.
„Што зборуваше овој во соблекувалната, некои глупости", го праша Меси Ди Марија, а овој му одговара „Рече дека не е е лесен резултат", по што двајцата почнаа да се смеат.
На крајот искусниот Тата Мартино беше во право. Второто полувреме во целост му припадна на Парагвај кој до крајот израмни на 2-2 и заслужено освои голем бод. Извесно е дека на поранешниот тренер на Барселона нема да му се допадне ваквиот однос на двете најголеми ѕвезди во селекцијата.
Следен противник на Гаучосите е Уругвај утре вечер, а вториот пар од групата го сочинуваат Парагвај и Јамајка.