Откако камерите го фатија како со Ди Марија го озборуваат селекторот Тата Мартино, за Лионел Меси излезе уште една вест за која обично не сме навикнати да пишуваме.
По нерешениот резултат против Парагвај, на Копа Америка тој ја одби наградата која му следуваше за најдобар играч на мечот.
Меси беше најзаслужен што Аргентина на полувремето имаше водство од 2:0, бидејќи на првиот гол му асистираше на Агуеро, а потоа го зголеми водството од пенал.
Претставник на MasterCard по секој меч дава признание за најдобриот на мечот на ова континентално натпреварување, но по Меси никој од селекцијата на Аргентина не го прифати.
Тој не се појавил ниту на прес конференцијата за што од фудбалската федерација на Јужна Америка изјавиле дека нема да биде казнет.
На крајот, спонзорот на Копа Америка реши да го награди Лукас Бариос од Парагвај кој го израмни резултат во 90 минута.