Не можеш да ја освоиш Лигата на шампиони доколку годишно је немаш оваа сума наменета за плати, свои во истражувањето на компанијата KPMG.
Бројките на оваа анализа се од последните четири изданија во најелитното клупско европско натпреварување каде може да се забележи дека финалистите кои биле поразени имале сума помала од 200 милиони евра за годишни плати.
„Во една сезона во топ 5 лигите во Европа, комбинацијата на успех во домашното првенство и Лигата на шампионите со потрошени 200 милиони евра за плати на играчи, како и за стручниот штаб е голем предизвик. Монпеље, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид за сега успеаа со толкав буџет да станат прваци само во своите земји, а Јувентус тоа го повторува четири пати што е интересно“, вели директорот на KPMG, Андреа Сартор.
Изминатава сезона Барселона им исплати плати на своите играчи во износ од 248 милиони евра, 64 милиони повеќе од другиот финалист Јувентус. Најголема разлика имаше меѓу ланските два финалисти од Шпанија, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид чии трошоци се разликувале 157 милиони евра.