Од вкупно 86 прекршени правила кои се однесуваат на допингот во 2013 година, извештајот на Светската анти допинг Агенција (WADA) покажува дека 10 од нив се во Бразил, а седум доаѓаат од Португалија.
На третото место на оваа листа се наоѓаат спортисти од Белгија, Франција, Грција, Иран и Италија. Сепак кај фудбалот е низок процентот на примери каде е откриено користење на стимулативни средства, па така од вкупно 28.002, откриен е допинг кај 140 случаи.
Во проценти тоа е 0,5, додека во атлетиката позитивни на анти допинг тестовите се 1,17% од спортистите, кај велосипедизмот 1,25%, рагби 1,27%, дигање тегови 3,36%, американски фудбал 5,96%, бодибилдинг 10.47% и хокеј на трева 0.14%.
Анализите на WADA која е прва анти-допинг агенција, покажуваа дека во 2013 година има 1.953 санкции за користење допинг кај сите спортови. Тие се изречени кај спортисти од 115 земји во 89 спортови.