По тешкиот пораз на големата сцена од подвижниот НБА театар, на прашањето за фантастичниот соло пат низ САД сезонава, Леброн констатираше дека ништо од тоа не е важно кога си загубил на крајот.
Најубавиот спорт во Америка се менува со светлосна брзина, станува побрз, поитар и со акцент на спектакуларна прецизност. Минатата година Сан Антонио го освои првенството, а годинава Голден Стејт и тука има лекција која што Леброн Џејмс ја научи.
Избраниот, како го викаат во САД, беше фасцинантен за гледање во претходниве неколку недели. Неговиот Кливленд западна во неволји со повредите и Џејмс како поддршка ги имаше Метју Делаведова, Џ.Р. Смит и Иман Шамперт (ЕСПН пиша дека без Џејмс на паркетот, Делаведова, Смит, Шамперт и Џејмс Џоунс шутирале 0/21 во финалната серија). Но тоа не беше доволно да се игра против тим, против колектив.
„Не уживам кога сум залудно ефикасен. Не уживам во тоа. Не сакам кога мора да дриблам во последните секунди, а тимот очекува од мене да направам нешто“, разочарано констатираше Леброн, кој претходно во Мајами ги имаше Двејн Вејд и Крис Бош, а сега му се повреди Кајри Ирвинг.
Од друга страна, Вориорс се прототип на новата НБА лига, чудо меѓу ритамот и интелигенцијата. Кларинетистот не може да ги отсвири највисоките ноти во серијата? Може ли тромбонистот? Ако не можат, седни ги сита заедно, пишува Њујорк Тајмс.
Ендрју Богут, кој одигра херојски против Двајт Хауард, Харисон Барнс кој се препороди во финалната серија, или професорот Андре Игудала се дел од оркестарот кој го предводи диригентот Стив Кер.
„Се спремав за овој момент 11 години. Поминаа повеќе од 10.000 часа кошарка, но на крајот се обидуваш да докторираш на темата“, изјави МВП-то на финалната серија, Андре Игудала кој одлично го чуваше Леброн.
Најгласен во оркестарот на Голден Стејт со сигурност е Стеф Кари, најдобриот играч на екипата сезонава. Колку ужива во играта, Кари покажуваше уште на загревањата кои беа комични. Често ја фрлаше топката од кош на кош и еднаш погоди на таков начин.
На Голден Стејт не им сметаше ни тоа што салата во Кливленд е меѓу трите најгласни во целата НБА. Градот долго време не освоил ништо, а пасионираните навивачи прават сè за конечно Кливленд да го освои трофејот.
Прославата на титулата во Голден Стејт: