"На добар пат си ако вицешампионот на Европа ги следи твоите чекори". Тоа му се случува на Депортиво Бадахоз, клуб од четвртата шпанска лига, кој со симпатии го прифати плагијатот на Јувентус. Кампањата за влезници за новата сезона, Јувентус ја направи со фотографија на која се гледа жена како урла, со лицето обоено во црно-бели бои. Истиот ефект шпанскиот клуб го промовирал на 24. мај кога играа плејоф за промоција во повисок ранг.
Единствената разлика е во слоганот, затоа што оној на Јувентус гласи '"Puro godimento" (Чисто задоволство) а на шпанскиот клуб е "Glorioso ritorno" (Славно враќање). Депортиво Бадахоз, како што пренесува Газета дело Спорт имал целосно право да го тужи Јувентус за плагијат, меѓутоа се решиле со друг Твит да му предложат на Јуве пријателска средба.
„Здраво Јувентус, не грижете се, сè ќе биде во ред ако одиграме една средба меѓу Бјанконерите во Бадахоз. Поздрав“.
Бадахоз немаше среќа по плакатот, затоа што загуби 0-3 на домашен терен во плејофот за пласман во трета лига. Досега изостана реакцијата од Јувентус, кој не се огласи по повод плагијатот.