Тим Данкан заработил преку 220 милиони долари во својата кариера, па и затоа не е толку загрижен за губењето на 20 милиони како резултат на нечесното работење на неговиот финансиски советник. Данкан го тужи неговиот поранешен советник Чарлс Банкс поради лошите инвестиции. Загубите се пронајдени во периодот 2005 – 2013 и како една од причините е неговиот развод.
„Му верував на некој кој треба да ја заврши својата работа за која е ангажиран, но тој ја злоупотреби мојата доверба и ги искористи моите пари„ - изјави Данкан за Банкс
Сепак, Банкс гледа на ова поинаку тој вели дека не сторил ништо погрешно и е изненаден од тужбата на Данкан.
„Тужбата за која конкретно зборува Данкан е актуелна, и тој зема 12 проценти од секоја нова инвестиција. Ние сме убедени дека кога сите факти ќе се видат, ќе биде јасно дека за ваквите тврдења недостасува основа”
Данкан смета дека ова нема да има влијание врз него и како што вели тој ова е голема работа, но нема да му промени животот во носењето одлуки.
Со парите од кошарката Данкан ивестирал во хотели, козметички производи, спортски продавници и винарии, а има и фондација преку која им помага на луѓето во здравството, образованието и спорт за млади. Помеѓу 2001 и 2002 година вложи 350.000 долари за рано откривање на рак на дојка и простата.