Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Кој остана а кој замина од бродот ФИФА?

По сè што се случуваше во ФИФА претходните две недели, светската фудбалска федерација е пред нов почеток. Некои од старата гарда се повлекоа, некои се спремаат за на суд, а некои останаа.

Триумф на Голден Стејт, Кливленд го загуби Кајри Ирвинг

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во големото финале, откако синоќа после продолжението го совладаа Кливленд Кавалирс 108-100. Леброн Џејмс не можеше сам против тимската игра на Воините кои ги поделија поените. Ирвинг се повреди во финишот.

Let's get ready to rumble!

Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.

ФИФА на СП 2002 лобирала за Јужна Кореја на штета на Италија и Шпанија

За малерите кои го следеа еквадорскиот судија откако и наштети на Италија пишувавме пред два дена. Но целиот тој скандалозен чин од Мундијалот, има подлабока позадина и мешање на судии и блиски соработници на Блатер.

Станковиќ за финалето во Берлин

Top Eleven го интервјуираше Дејан Станковиќ на тема финале во ЛШ. Го потсеќа на неговото со Интер во 2010-та, бидејќи како што ова ќе биде последна шанса за тие што се над 30, исто било и со него, Занети, Матераци, Милито, Камбјасо. Меѓу Меси и Роналдо, го избира Аргентинецот.

Чичко Тони има уште гориво

Со 22 гола на 39 години сезонава во Серија А, Лука Тони стана највозрасниот фудбалер што некогаш ја освоил наградата најдобар стрелец во едно од петте најдобри првенства во Европа.

Нова аматерска бомба

Унгарецот пред некој ден се залета како Роберто Карлос и ја прати во агол. Касио Фелипе - Касињо од Шпанија денеска го повтори истото.

Јуве и Барса статистички

Задутре во Берлин, Барселона ќе има прилика по петти пат да го крене трофејот од ЛШ, а Јувентус ќе игра за третата европска титула. Според букмејкерите, Барселона е фаворит.

Седум глупави изјави на Сеп Блатер

Контроверзниот Швајцарец кој реши да се повлече од ФИФА само еден ден по победата на изборите, кажа многу бисери откако седна на претседателската фотеља во 1998-ма. На пример во фудбалот почнаа да му сметаат нерешените резултати.

Џиџи Буфон ги брка духовите од Олд Трафорд

12 години откако му се скрши срцето во финалето на Лигата на шампионите против Милан, најдобриот европски голман вели дека неговиот Јувентус сега има шанса да направи голем подвиг против Барселона.

Скок од пет места за Македонија без игра

Македонската фудбалска репрезентација на следниот квалификациски дуел против Словачка ќе патува како 100-та селекција во светот.

Рожерио Сени влезе во историјата на Сао Паоло

Со 42 години, голманот претплатен за голови во Бразил, успеа да влезе во листата на 10 најдобри стрелци на Сао Паоло. Со неговиот 128-ми погодок во кариерата тој го реши мечот против Сантос за конечни 3:2.

Фиго не е наша легенда, не го викајте

Пред саботното финале од Лигата на шампионите, УЕФА одлучи да организира меч на ветераните на Јуве и Барса против легендите на светскиот фудбал. Каталонците не сакаат Луис Фиго да игра за нив.

Се земало мито и за СП Франција 1998

Поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА, Американецот Чак Блејзер е клучниот човек на ФБИ во истрагата за корупцијата. И самиот Блејзер призна дека добил мито за да го даде својот глас.

Што прават ѕвездите од легендарниот НБА драфт 1998

Тоа е година која ја паметиме по кичмата која Џордан му ја скрши на Расел во последниот напад за 4:2 во финалето, но тогаш беа драфтувани и двајца идни членови во Куќата на славните, неколку Ол стар играчи и славни кошаркари.

Убиството на таткото на Стив Кер и приказната за еден шампион

Тежината со која се носел по веста за убиството на неговиот татко, му овозможила на Стив Кер да се изгради себе како совесен татко кој на екипата гледа како на едно семејство.

Интерпол бара шестмина корумпирани за следните Мундијали

По ненадејната оставка на Сеп Блатер, како и најавите за истрага на неговата работа, издадена е меѓународна потерница за двајца поранешни високи функционери на ФИФА.

Жозе Мурињо како преведувач

Португалецот прво се прослави со Порто со титула во ЛЕ и ЛШ, но пред камерите често почна да се појавува кога му беше асистент и преведувач на Боби Робсон во Барселона. Шпанска телевизија извади снимка од тоа време. Мурињо е озбилен и таму.

Лацио може да остане без Лига на Шампиони?

Federbet го објави најновиот извештај за наместени натпревари. Се местело во Албанија, Бугарија и Грција, а Македонија пак ја нема. Но се споменува Македонецот кој може да влијае со сведочењето во однос на играњето на Лацио во Европа.

Бенитез се враќа од каде што тргна

Откако заврши како петтопласиран во Серија А со Наполи, на Рафа Бенитез му истече договорот и го напушти италијанскиот клуб. Денес се врати во местото каде пред 20 години се калеше како тренер и ги водеше младинците.

Како Кајманските Острови станаа моќен член на ФИФА

Од 2002. година до денес, светската фудбалска влада потрошила 2,2 милиони долари за изградба на нови фудбалски игралишта и два големи терени во земјата која има 58.000 жители. Гласот на Кајмански Острови вреди колку и гласот на фудбалските велесили.

Дуел на титани во Париз, Надал игра со Ѓоковиќ на својот роденден

Во четвртфиналето од Ролан Гарос, по 44. пат ќе се сретнат првопласираниот и шестопласираниот тенисер на АТП листата. Во вака рана фаза од еден турнир, Надал и Ноле меѓу себе играа пред осум години во Рим.