
Пред крајот на квалификациите, Данил Квјат од Ред Бул загуби контрола над својот болид, се излизга од влажната трева и силно удри во ѕидот покрај патеката. После ударот, младиот Русин се тумбаше, додека деловите од автомобилот и гумите му летаа на сите страни.
Трката во Јапонија започнува во недела од 7 часот, а од стартната позиција прв ќе тргне Нико Розберг од Мерцедес кој беше за една десетинка побрз од Луис Хамилтон.
Германецот ги извозе квалификациите за 1:32,584 минути и стигна до втората пол позиција сезонава, откако претходно беше најбрз и во Барселона во мај. Неговиот тимски колега, Британецот Луис Хамилтон возеше одлични квалификации и утре ќе стартува како втор, додека од третата и четвртата позиција трката ќе ја започнат Финецот Валтери Ботас од Вилијамс и пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, минатогодишниот победник на Сузука.