И покрај победата од 3:2 над Астон Вила викендов, навивачите на Ливерпул не се согласни со останувањето на Брендан Роџерс и го зголемија притисокот над него.
Роџерс уште од минатата сезона се соочува со голем притисок, затоа што покрај слабите игри и резултати на тимот, компанијата сопственик на клубот Фенвеј Спортс Груп месецов ги контактирала менаџерите на Карло Анчелоти. Од друга страна, навивачите на Ливерпул гласно се за Јирген Клоп, Германецот кој правеше чуда со Борусија Дортмунд.
На социјалните мрежи веќе масовно се користи хаштагот #Klopp4kop, преку кои навивачите од Енфилд праќаат барање до клубот да го потпише Јирген Клоп. Самиот Германец, кој е на одмор од завршувањето на минатата сезона кога му истекна договорот со Дортмунд изразил желба да стане тренер на Ливерпул, но само под неколку услови.
Покрај Роџерс, на удар на јавноста е и комитетот на Ливерпул кој во 2012-та година беше промовиран како тим задолжен за трансферите. Составен од Јан Ајри, Мајк Гордан, Мајкл Едвард, Дејв Фалоус и Бери Хантер, овој комитет е на голем удар на јавноста затоа што многу пати промашија со купените играчи.
Јирген Клоп барал расформирање на овој трансфер комитет, со цел да има целосна и самостојна контрола врз трансферите на Ливерпул, исто онака како што има менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.
„Им честитам на играчите затоа што работат напорно секој ден во хистерична атмосфера околу клубот“, изјави тренерот на Ливерпул, Роџерс по мечот со Вила викендов.
Во моментов, управата на Ливерпул стои зад Брендан Роџерс кој во моментов ја има поддршката од сопствениците, но не и од навивачите. Секој нареден пораз на Црвените ќе значи уште поголем притисок врз Роџерс, кој веќе во четврток игра во Лига Европа против Сион.
По мечот со Астон Вила, Роџерс потврди дека работи под притисок: