Навивачи од 30 земји направиле истражување на GoEuro за тоа кое првенство во Европа е најдобро, а истовремено и најевтино за гледање. Индексот го направиле во најсилните 25 лиги со инфо за нивната ранг листа од ФИФА и УЕФА, како и од треба база на податоци.
Ги земале предвид просечните цени на билетите од сите стадиони и екипи заедно со луксузните билети во ВИП ложите, а ги пресметале и патните трошоци, цената за сместување и храната.
Најголемиот индекс го има фудбалското првенство кое котира високо според квалитетот, а истовремено нуди евтини влезници за навивачите. Тоа е Бундеслигата каде веќе со години е позната политиката на клубовите за привлекување на публика и полнење на стадионите со евтини карти.
„Скоро исто ќе ве чини да патувате во Германија и да гледате меч од Бундеслигата и да се наоѓате во Велика Британија и да присуствувате на натпревар од Премиер лигата. Секоја недела повеќе од 2.000 британски навивачи патуваат за да ја гледаат Борусија Дортмунд, потоа 1.500 Британци патуваат на мечевите на Сент Паули во Хамбург и уште 1.000 Британци одат во Берлин за да го гледаат Униот Берлин. Овие бројки ве тераат да размислите дали фановите во Велика Британија добиваат фер договор за нивните пари", вели Нарен Сам, основан на GoEuro.
Просечна цена за билет во Германија е 23 фунти, за разлика од Премиер лигата каде изнесува 53. Затоа индексот во германскиот фудбал е 12,6, а во Англија 3,8 и на табелата се наоѓа на четвртата позиција. Пред нив се уште португалскиот и шпанскиот фудбал.