Во март годинава, ФИФА стави крај на шпекулациите и ги послуша молбите на фудбалскиот свет, Мундијалот во Катар никако да не се игра како што се игра вообичаено на лето, поради високите температури во оваа земја. ФИФА одлучи Светското првенство да се игра од 21 ноември до 18 декември и тоа ќе биде за прв пат во историјата овој настан да не се одржува вообичаено во летниот период.
Светското во Катар ќе трае и четири дена помалку од досегашните светски првенства од причина што клубовите бараа да имаат повеќе време да се подготват за сезоните. Календарот одобрен од ФИФА значи и дека клубовите ќе мора од понеделник 14-ти ноември 2022 година да ги ослободат сите играчи кои ќе настапуваат за 32-те репрезентации, една недела пред отворањето на СП.
Датумот порано го поддржа и Шеикот Салман бин Ебрахим Ал-Калифа кој се противеше Мундијалот да се игра во мај или јуни. Во меѓувреме од ФИФА соопштија дека претседателските избори во светската фудбалска унија ќе се одржат на 26. февруари 2016-та година.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер денес одржа прес конференција во Цирих, но пресот потоа беше откажан од неразјаснети причини.