Јуве како во 1971-ва, кога Интер беше шампион

Актуелниот првак на Италија по првите 5 кола освои 5 бода, а тоа е нивен негативен рекорд во ерата на трите бода за победа во Серија А.

Јувентус минатата сезона ги освои Скудетото и Купот на Италија, а играше и во финалето на
Лигата на шампионите каде загуби од Барселона. Оваа сезона може да се пофали со освоениот 
Супер куп во Пекинг против Лацио и гостинската победа против Манчестер Сити во првото 
коло од ЛШ.
 
Сè друго им оди наопаку. Пораз на домашен терен од Удинезе кој потоа ги загуби сите наредните четири натпревари во првенство. Потоа пораз од Рома, нерешено со Киево и само една гостинска победа против Џенова, остварена со автогол и пенал.
 
 
Во петтото коло следуваше реми со Сасуоло, тимот кој дебитира во Серија А и чиј стрелец е навивач на Јуве. Се работи за Леонардо Бланшар кој од 2012-та игра за Фрозиноне и кој беше специјално до Берлин за да го бодри во финалето од ЛШ. 
 
Јувентус против Фрозиноне имаше упатено вкупно 36 удари кон гол, а толкав број на пропуштени шанси немал во последните 10 години.
 
 
Згора на сè Јуве има и петмина повредени играчи меѓу кои Мората, Кедира и Маркизио и сè 
уште е во потрага по првата победа пред своите навивачи во домашното првенство.
 
 
Јувентус има само освоени 5 бода по 5 одиграни кола во Серија А, а статистиката покажува 
дека последен пат ваков старт имале пред 45 години. Јуве заостанува зад лидерот Интер 10 бода, а кога во сезоната 1970/1971 почна волку лошо, заврши на четвртата позиција и Скудетото го освои токму Интер.
24 септември 2015 - 22:48