Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Кога Чиро Имобиле доби топка од Милинковиќ Савиќ и излезе сам пред голман во напад трчаа двајца напаѓачи, едниот со топка кон гол, а другиот поради професионална деформација. Колку само симпатично изгледа ситуацијата, да ти дојде да му ја подадеш.
Да си фудбалер на Јувентус, клубот кој дава највисоки плати во Италија, да играш на три фронта, да тренираш по два пати дневно, да одиш често во карантин и уште да мислиш на учење, треба стварно да си цар. Џорџо Кјелини е таков.
Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 4 гола е најдобар стрелец во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Окта.
На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд до толку беше импресиониран од храбрата навивачка која со жолт дрес се измеша во машко друштво меѓу големите ривали од Шалке, што сакаше да ја сретне. Шпанецот доби помош за да ја пронајде, ја покани на тренинг, ја гушна и ѝ подари дрес. Прав џентлмен.
Сте слушнале ли за софтвер кој годишно вади најразни податоци за настапите на над 80.000 играчи во шест спортови кои потоа цели тимови на експерти ги анализираат за потребите на клубот? Не, ова не е време на совети од типот клавајте голови, туку време на најмодерни иновации кои помагаат како да бидеш понапред од другиот.
На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.
На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.
Светската куќа на фудбалот ја објави најновата ранг листа и по долго долго време конечно можеме да се израдуваме ако не на позицијата, барем на напредокот.
Њукасл играше против Бартон и доби пенал во 32’ минута. Мет Ричи го изведе и даде гол, но судијата Кит Струд не само што го поништи пеналот поради тоа што некој играч пред време влегол во шеснаесетникот, туку не досуди ново изведување и топката им ја врати на гостите.
Коринтијас и Универзидад де Чиле се сретнаа во Копа Судамерикана, а ние го сретнавме првото дете - глумец што собира топка и што заслужува црвен за глума. Инаку детево бајаги пораснало.
Тренерите на големите екипи имаат пракса во Купот секогаш да бранат резервните голмани, па дури и во завршницата на овој турнир. Јувентус за малку ќе се покаеше вчера што Бразилецот Нето почна од почеток и направи неколку кардинални грешки после кој Јуве примаше голови. Мертенс му даде гол 8 секунди откако влезе во игра.
Првиот впечаток кога ја гледате брзината со која трчаат фудбалерите на Барса е следен: Нема голема разлика меѓу првиот и последниот или уште поточно секој може да развие 30 километри на час.
Акцијата почна, продолжи и заврши глупо бидејќи немаше концепт и никој не знаеше што прави и кај тера. Најпросто кажано овде Луд јебе збуњеног. Судија каде си?
Во 2011-та Рејвел Морисон бил ѕвезда во младинците на Јунајтед и човек поради кого Фергусон не го приметувал Погба. Французинот сега вреди 90 милиони фунти а Рејвел игра во втора лига. Зошто?
По 10 фудбалски денови исполнети со многу дружење, забава и танц со топката, заврши второто издание на „Музичкиот Куп 2017“. Публиката во спортскиот центар Аеродром уживаше на вкупно 196 голови постигнати на 26 средби.
Мислевме дека овој стар голмански кикс на невнимание не се повторува, ама ете го после многу години се случува во полуфиналето од Купот на Полска, а го направи голманот на Арка. Нема изговор за ваква грешка.