84 годишната Нада Скерлев, инаку пензиониран педијатар, го следи Манчестер Јунајтед од 1958-ма година, а нејзиното семејство и бараше карта за финалето од Супер Купот и под дрвo и под камен.
Госпоѓа Нада ги има посетено скоро сите поголеми стадиони во светот, а била и на многу натпревари во Англија на Манчестер Јунајтед. Вчера ја објавивме нејзината сторија и само еден ден по стартот на иницијативата да добие карта, од ФФМ реагираа и напишаа:
Почитуваната Нада Скерлев, пензиониран лекар педијатар, која има 84 години е страствен навивач на Манчестер Јунајтед, ќе биде дел од фудбалскиот спектакл на 8. Август на Националната арена „Филип Втори“ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски, кој како и госпоѓа Нада ја дели истата страст за „Црвените ѓаволи“ денеска ја покани да биде гостин на ФФМ на финалето од Супер Купот.
Пензионираната педијатарка навива за Манчестер Јунајтед од 1958 година. Љубовта кон Манчестер Јунајтед трае 53 години од времето на нејзините студии во Англија.
„Благодарност до ФФМ, ова за мене ќе биде неповторливо чувство. Пресреќна сум што ќе го гледам мојот омилен тим во Скопје“, вели госпоѓа Нада Скерлев.