таг: уефа супер куп 2017

Не се заборава одговорот на Мурињо до македонската новинарка

8 август е датум кој не потсеќа на УЕФА Супер Купот кој се одржа во Скопје пред две години. Денот кога на Градски истрчаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Денот кога Жозе Мурињо доби прашање од Наташа на која и го даде еден од најјаките мурињовски одговори откако е тренер. Н е п о в т о р л и в о. Повеќе

2017-та е за ракометните и фудбалските херои на Вардар и Македонија

Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме. Повеќе

Репортажа на Реал Мадрид ТВ за Скопје

Новинарска екипа на 12-кратниот европски првак и освојувач на Супер Купот 2017-та, склопи една доста фина репортажа за Скопје во пресрет на финалето. Соговорник во прилогот е Андреа, инаку македонски навивач на Реал Мадрид, кој раскажува за нашите историски знаменитости. Шпањолката проба боза и локум. Репортажата е во два дела. Повеќе

Како "Glory Glory Man Utd" грмеше на Филип Втори

Присуството на голем број Англичани и други навивачи на Манчестер Јунајтед кои се наоѓаа на источната трибина на Супер Купот и интонирањето на нивната химна, ни го доловија она што секој викенд се случува на Олд Трафорд. Колку само убаво звучи “Glory Glory Man Utd". Повеќе

Малиот на кој Мурињо му го даде медалот

„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи. Повеќе

Црвените ѓаволи ги надвикаа Кралевите

Група од стотина навивачи на Манчестер Јунајтед со пиво и песна се веселеа пред кафуле спроти Мајка Тереза. Во еден момент кортео со фанови на Реал Мадрид им упадна на проаѓање. Средбата мина без судир, туку со уште погласно навивање на Англичаните. Повеќе

Можевте да олабавите малку со цените
Супер Куп 2017

250 денари пиво, па уште и безалкохолно? Мислиш Џек Даниелс пиеш со бадеми и лешници. Стави го 100-120 денари колку што обично оди по кафиќи и ќе ти оди како алва, ама не, Скопје за Супер Купот беше во Лас Вегас филм. Повеќе

Камерата која го следеше однесувањето на Роналдо на мечот

Не само што не се побуни што Зидан веројатно го одмораше за Ел Класико против Барса во недела, туку напротив ги бодреше и храбреше своите соиграчи а прописно се израдува и на голот на Каземиро па им даваше вода да се оладат. Повеќе

Спектаклот со македонските ора кој го видоа над 200 земји

Во очи на финалето на Супер Купот, Скопје како домаќин блесна со кореографија достојна за еден ваков голем натпревар. Пред ѕвездите на Манчестер и Реал да излезат на терен, вниманието пред 30 илјадната публика го привлекоа играорците на фолклорните ансамбли „Блажевски“, „Етнос“, „Фолклор“ и „Куд Орце Николов“, како и децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои со знаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј. Многу убаво направено, браво. Повеќе