Славните коментатори на МТВ, Драган Николовски и Тони Стојановски ни ги прогнозираат четвртфиналните двојки од Лигата на шампионите пред скоро пет месеци.
Муабетот ни наложи да ги прашаме кои две екипи ќе стигнат до Кардиф, а кои до Скопје. И во двете прогнози беа едногласни, без да седат еден до друг додека ни одговараат.
Тоа што веројатно го посакуваа многу македонски љубители на фудбалот, го сонуваа и тие, ама и го погодија.
Кое финале би сакале да го гледате/коментирате во Супер Купот на 8 август во Скопје?
Драган: Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед. Зарем може да има поголем спектакл од тоа? Двата „мои“ клуба“ еден против друг. Незаборавен настан за којшто вреди да се сонува, а потоа и да се доживее.
Тони: Пак со умот и со срцето, нели? Реал Мадрид – Манчестер јунајтед од причини коишто не треба да се објаснуваат, Реал е најтрофеен во Лигата на шампионите, а со тоа и најсилен и најпознат клуб во светот, а Манчестер е најдоброто коешто може да го понуди УЕФА Европа лигата. За мене прифатлива е и варијантата Борусија Дортмунд – Манчестер јунајтед.
Целиот разговор со двајцата одлични прогнозери го имате тука.