Супер Куп 2017

Пристигнувањето на Манчестер Јунајтед во хотел

И покрај големиот интерес на македонските фановите и новинарските екипи, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза требаше да имаш двоглед за да ги видиш Мурињо, Лукалу, Матиќ, Рашворд и компанија. Полиција колку сакаш. Сликање и снимање, само ако имаш добар зум.

Околу стотина навивачи на Манчестер Јунајтед се испржија на сонце на пеколното време, бидејќи „Црвените ѓаволи“ пристигна во Скопје со задоцнување од околу еден час и половина.

Пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза не можеше асална фотографија да направи човек од фудбалерите, а не па да им се доближи. Обезбедувањето кое беше формирано од повеќе безбедносни служби не даваше доближување ниту до оградата која беше висока над 2 метри и поставена околу 40-50 метри до влезот.

Жозе Мурињо и англискиот великан за прв пат доаѓаат во Скопје, а повод е утрешното финале од Супер Купот против Реал Мадрид кое стартува со почеток од 20:45 на Телеком арената.

 

Со оглед на тоа што во Македонија за ваков голем настан никој не се замара да обезбеди простор за новинарите да можат од близу да обезбедат видео материјал, ова е тоа што успеавме да ви го доловиме од пристигнувањето на освојувачот на Лига Европа.

7 август 2017 - 16:12