Спектаклот со македонските ора кој го видоа над 200 земји

Во очи на финалето на Супер Купот, Скопје како домаќин блесна со кореографија достојна за еден ваков голем натпревар. Пред ѕвездите на Манчестер и Реал да излезат на терен, вниманието пред 30 илјадната публика го привлекоа играорците на фолклорните ансамбли „Блажевски“, „Етнос“, „Фолклор“ и „Куд Орце Николов“, како и децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои со знаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј. Многу убаво направено, браво.

 

 

9 август 2017 - 12:32