Наместо да се играат две средби со реванш какви што беа правилата за Супер Купот, во 1991 година Манчестер Јунајтед и Црвена звезда одиграа само еден меч на „Олд Трафорд“ поради политичката нестабилност во Белград. На крајот славеа Англичаните со 1-0 со голот на Брајан Меклеир. Капитен на европскиот првак Звезда тогаш беше Илија Најдоски а нападот го предводеше Дарко Панчев.
Панчев и Савичевиќ не искористија неколку стопостотни шанси, а Јунајтед промаши пенал уште во втора минута кога Милоевиќ го одбрани шутот на Стив Брус. На крајот Сер Алекс Фергусон изјави дека неговата екипа можела да изгуби 0-5 но Панчев и Савичевиќ немаа среќа да дадат гол.
Во 1999 година Манчестер Јунајтед како победник на Лигата на шампионите во она незаборавно финале со Баерн Минхен, играше против Лацио во Супер Купот. Италијанците се радуваа на трофејот по триумфот од 1-0 со голот на Марсело Салас:
Вечерва избраниците на Жозе Мурињо ќе се обидат да го донесат вториот пехар од Супер Купот во богатиот музеј на „Олд Трафорд“. За тоа ќе им треба победа против европскиот шампион Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан. Од друга страна Реал Мадрид има 3 пехари од Супер Купот кој го освојуваше во 2002 (против Феенорд), 2014 (против Севиља) и 2016 (против Севиља) а поразен во Супер Купот Реал беше во 1998 (Челси) и 2000 (Галатасарај).