Откако приказната за најголемата македонска навивачка на Манчестер Јунајтед се рашири вчера на интернет, од фудбалската федерација на Македонија доби покана да им биде гостинска на финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Добро е, ни работи акалот понекогаш.
Дека лотаријата на УЕФА за доделување карти беше тешка глупост, доказ е тоа што во вторник на Филип Втори ќе има многу луѓе што имале среќа, а не желба и страст за фудбал. Нашата Нада, една од најстрастните навивачки на Манчестер Јунајтед дише со клубот повеќе од Фергусон. Па за нејзе ли да нема карта?
На пет дена до фудбалскиот празник во Скопје кој ќе ни го приредат великаните Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и нивните навивачи, еден од 12.000-те македонски среќници на лотаријата организирана од УЕФА се откажува од својот билет и го става на оглас. Цената џабе.
Втора сезона по ред, кондиционите тренери на европскиот шампион со помош на уредот под маиците за тренинг, ја мерат работата на срцето и физичката подготвеност на секој играч.
Како тргнала работата, навивачите кои се очекува да допатуваат во Скопје за финалето меѓу Реал и Манчестер, ќе дојдат на денот на одигрување на натпреварот, а по мечот ќе продолжат во Грција на одмор едно 10 дена, бидејќи така поевтино ќе им дојде.