Скопје одбројува ситно до стартот на најголемиот спортски настан организиран до сега во Македонија. Фудбалската треска веќе се чувствува во главниот град кој смрди на голем фудбалски настан.
Она што најмногу ги интересира фановите на двете екипи е каде ќе бидат сместени и како да се дојде до нив. Први на аеродромот Александар Велики слетуваат Црвените ѓаволи кои се очекува да пристигнат во 12:55 часот, а само 40 минути подоцна е најавено пристигнувањето на Кралскиот клуб.
Реал Мадрид ќе биде сместен во хотелот Александар Палас, а Манчестер Јунајтед во ТЦЦ Гранд Плаза. Таму уште во 8 часот утрово беше заградено, а имаше и полиција која сигурно подоцна ќе биде побројна.