Не беше се така убаво и европски организирано на Супер Купот во Скопје, без да навлагаме во тоа кој за што ја утнал. На пример фан зоните кои ги најави УЕФА во центарот на Скопје беа тежок промашај.
Зошто? Затоа што немаше една основна работа, а тоа е видео бим за да гледаат оние што немаат карта. Плус тоа фан зоните за навивачите на Манчестер и Реал не беа никако обележани дека се фан зони. Натпис? Штандови за пиво и храна? Фан шоп некој?
Кај Мајка Тереза имаше стотина навивачи на Манчестер претежно Англичани кои беа во спротивното кафуле и во тој дел по ништо не наликуваше на фан зона. Слично беше и на плоштадот Филип Втори каде беа собрани навивачите на Реал.
Таму бројката беше поголема, но исто така немаше ниту една ознака дека се работи за фан зона, како што беше случајот во неутралната на самиот плоштад меѓу камени мост и споменикот Александар Македонски.
Другиот момент за критика се цените на штандовите пред самиот стадион. 150 денари сончоглед, 200 денари кафе, 250 денари пиво, мислиш си на Халкидики. Цени кои се разбира дека не се нормални за македонски џеб. Многу не интересира колку Англичани купиле безалкохолно пиво?
Она што е за истакнување е организацијата за самиот натпревар за кој до сега никој се нема пожалено.