Идејата за таков необичен меч се родила во 1972 година и ја смислил холандскиот новинар Антон Виткамп од весникот «De Telegraaf». Во тоа време во Европа се играле два турнири (како и денес), но со други наслови: Куп на Европски Шампиони (КЕШ) и Куп на Куп победници (УЕФА Куп).
На тој начин титулата најсилен клуб во Европа била на некој начин поделена меѓу сопствениците на двата трофеи. Идејата на новинарот Виткамп била во создавање турнир којшто би помогнал да се дознае кој е најдобар во моментот.
Ова од причина што тогаш во европската фудбалска арена царувала Златната Ера на холандскиот фудбал - Феенорд и Ајакс ги газеле своите опоненти и три пати го освојувале Купот на Европски Шампиони (од четири финалиња).
Тогашниот прв човек на Ајакс Јапом ван Праг со ентузијазам ја прифатил идејата на Виткамп и почнала подготовката за турнирот. За жал УЕФА во старт се откажала од официјална поддршка особено по суспензијата на Глазгов Ренџерс.
Во финалето на Купот на Куп Победници на „Камп Ноу“ во Барселона пред 24.000 гледачи Глазгов го победил Ренџерс со 3:2 но пред самиот крај навивачите на шкотскиот клуб влегле да слават на теренот и се судриле со полицијата. Подоцна имало и сериозни нереди на улиците а шкотскиот клуб ги правдал хулиганите „кои се бранеле од полицијата на режимот на Франко“.
Глазгов бил отстранет на две години од Европкуповите а подоцна казната му ја смалиле на една година.
Со поддршка на реномираниот весник De Telegraaf, на 16. јануари 1973 година во Глазгов се одиграл првиот меч во рамките на Супер Купот но без признание од УЕФА и затоа се води како неофицијален. Ајакс со легендарниот Јохан Кројф лесно го победил Ренџерс 3:1 на првиот меч а работата ја довршил на 24. јануари дома кога победил 3:2 и е прв клуб во светот што го освоил овој Супер Куп.
Следната година, откако видела колкав бил интересот за новиот Куп, УЕФА ги пуштила своите раце во организацијата. Иако мечот од Супер Купот на Европа меѓу победниците на двата најголеми турнири уште не бил официјален туку се играл на пријателска основа.
Во вториот Супер Куп Ајакс го прегазил Милан со 6-3 и тоа до бил најтешкиот пораз за некоја италијанска екипа во историјата на учествата во овој турнир под закрила на УЕФА.
Супер Купот 1974 година којшто требал да стане трет по ред, не се одржал. Баерн Минхен од Западна и Магдебург од Источна Германија не можеле да се договорат меѓу себе за местото на одигрување на мечот. Политиката била пречка.
Но потоа, следните шест меча од Супер Купот поминале спокојно и без организаторски сложности. Тогаш уште се играле два меча, со реванш за да се види кој е најјак во Европа.
Најголемо внимание привлекла победата на Динамо Киев над Баерн Минхен во 1975 година. Советите тогаш славеле носени од легендарниот Олег Блохин.
Поради проблем со разните фудбалски календари ширум Европа некои клубови не можеле ниту да се договарат па така во 1981 година Ливерпул не можел да најде заеднички јазик со Динамо Тбилиси од Грузија за Супер Купот.
Сè до 1998 година овој меч со кој се отворала сезоната имал разни проблеми. Така на пример во 1984 година Ливерпул како европски шампион, одново не можел да најде слободно време во календарот за овој меч и се согласил да се игра само еден меч. Дуелот се одиграл во Торино на „Комунале“ пред 55.000 гледачи и Јувентус славел со 2:0.
Следната 1985 година, Супер Купот воопшто не се играл поради суспензијата на 5 години за сите англиски клубови од Европа (Ливерпул беше казнет со 6 години). Суспензијата ја наложи Фудбалската Асоцијација на Англија (ФА) поради трагедијата на стадионот „Хејсел“ во Брисел.
Во финалето на Купот на Европски Шампиони (денес Лига на шампиони) таа година во Брисел играа Јувентус и Ливерпул, а на стадионот по една масовна тепачка настанал стампедо во кое 39 луѓе загинаа а околу 1.000 беа повредени. Мечот и покрај трагедијата не бил прекинат. УЕФА ден-денес се правда дека се решиле на такво нешто за да избегнат понатамошни судири и жртви.
Противник на Јувентус во Супер Купот требаше да биде англискиот Евертон но поради гореспоменатата суспензија Англичаните немаа дозвола да играат.
Во 1986 година за трофејот за Супер Купот поради политички мотиви се играло на неутрален стадион и тоа само еден меч. Динамо Киев и Стеауа не можеле да се договарат дали да се игра во СССР или во Романија. Како „гарант на мирот“ и посредник се појавил стадионот Луј Втори во Монако каде Стеауа победила со 1-0.
Во 1991 година од нејасни причини УЕФА одново решила да ги менува правилата. Црвена Звезда, предводена од нашиот Дарко Панчев и Манчестер Јунајтед се договориле за термин, но поради политичката нестабилност во Белград, УЕФА решила да се игра само еден меч иако „Маракана“ на најдобар можен начин била спремна да ги пречека гостите.
Поради тоа мечот се одиграл на „Олд Трафорд“ во Манчестер каде Сер Алекс Фергусон за првпат ќе се вљуби во играта на Дејан Савичевиќ. Манчестер славеше со 1-0 со голот на Брајан Меклеир во 67’ минута од мечот.
Во 1993 година и покрај суспензијата на освојувачот на КЕШ Марсеј поради наместени натпревари во домашниот шампионат, УЕФА не се откажала од Супер Купот. Олимпик Марсеј тогаш беше во центар на корупциски скандал и бил избркан од турнирите на УЕФА, го лишиле од титулата шампион на Франција и го избркале во втора лига па за Супер Купот играле Парма и финалистот на КЕШ, Милан. На првиот меч Милан победил 0-1 на гости, но Парма возвратила на „Сан Сиро“ со 0-1 и уште еден гол во продолженијата за 0-2 и големо славје.
И така во 1998 година, после многубројни проблеми, жалби и тешкотии поврзани со организацијата на две меча на разни стадиони, УЕФА решила да ги менува правилата. Одлучиле да се игра само еден меч на неутрален терен поточно избран бил стадионот на Монако „Луј Втори“.
Современата варијанта на трофејот од Супер Купот првпат беше врачена во 2006 година на шпанска Севиља која што ја згроми Барселона со 3-0. Како и многу европски трофеи така и овој на победникот му се давал во вид на копија/реплика од трофејот.
УЕФА одлучи само екипите којшто го освоиле три пати по ред овој пехар или 5 пати во својата историја ќе го добијат оригиналот за својот музеј а за идниот победник ќе биде произведен нов. Така во 2007 година пехарот од Супер Купот остана во музејот на Милан по триумфот над Севиља. А во 2015 него го увезе Барселона откако ја совлада Севиља. Најблизу до оригиналот се Реал Мадрид и Ливерпул кои имаат по три победи.
По 15 години одлично организирани натпревари во Монако, во 2013 година УЕФА не ги смени драстично правилата туку реши Супер Купот да се игра на разни стадионо. Благодарение на стратегијата за развој на фудбалот во Европа, Супер Купот се доделува во земји каде треба да се популаризира играта и да се развие европскиот туризам.
Така првиот турнир после Монако го организираше „Еден Арена“ стадионот во Прага а штафетата ја презеде „Градскиот стадион“ во Кардиф, потоа „Динамо Арена“ во Тбилиси како и стадионот „Леркендал“ во Тронхајм, Норвешка.
Годинава ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје а следната година на Арената „Ле Кок“ во Талин, Естонија. На овој начин Супер Купот им нуди на навивачите не само да гледаат фудбал туку и да запознаваат необични места и земји кои носат дополнителен плус.