Македонија со хет-трик на Ристиќ ја урна Унгарија со пресврт
11 ноември 2026
- Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари голема победа, против Унгарија во воведното коло од првата квалификациска рунда за Европското првенство до 17 години.
- Стефан Ристиќ е херој на нашите надежи кој го сврте мечот од 0:2 на 3:2 и тоа со голови во 86` и 94` минута.
- Селекцијата предводена од Иљами Исејни сега има голема шанса за пласман во втората квалификациска рунда – Лига А за пласман на Европското првенство.
- Македонија е дел од првата квалификациска рунда, Група 11, која се игра во Трабзон, Турција, од 11 до 17 ноември 2026 година со селекциите на Турција, Унгарија и Сан Марино.