Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Пуштени во продажба билетите за градското дерби Вардар - Алкалоид

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Љубителите на ракометот од денеска можат да обезбедат билети за претстојното скопско дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, кое ќе се одигра во Т-Арена, односно СЦ „Борис Трајковски“. Билетите се продаваат по единствена цена од 300 денари. Билети за натпреварот можете да набавите на СЛЕДНИОТ ЛИНК.
  • Од клубот информираат дека местата во салата нема да бидат нумерирани, па навивачите ќе можат да го изберат блокот од кој ќе го следат натпреварот. Навивачката група „Комити“ ќе биде сместена во блокот 1, додека за гостинските навивачи е предвиден блокот 15.
  • За сезонците ќе бидат резервирани централните блокови 3 и 13. Сепак, тие ќе имаат можност, доколку сакаат, да го следат дербито и од кој било друг блок во салата. Навивачите кои ќе купат поединечни билети ќе можат слободно да изберат каде ќе седат, со исклучок на блоковите 3 и 13, кои се резервирани за сопствениците на сезонски билети.
  • За влез во салата ќе биде отворен главниот влез, кој се наоѓа од страната на големиот паркинг. Градското дерби се игра во сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот
извор

Македонија со хет-трик на Ристиќ ја урна Унгарија со пресврт

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари голема победа, против Унгарија во воведното коло од првата квалификациска рунда за Европското првенство до 17 години.
  • Стефан Ристиќ е херој на нашите надежи кој го сврте мечот од 0:2 на 3:2 и тоа со голови во 86` и 94` минута.
  • Селекцијата предводена од Иљами Исејни сега има голема шанса за пласман во втората квалификациска рунда – Лига А за пласман на Европското првенство.
  • Македонија е дел од првата квалификациска рунда, Група 11, која се игра во Трабзон, Турција, од 11 до 17 ноември 2026 година со селекциите на Турција, Унгарија и Сан Марино.
извор

Деветта операција за Линдзи Вон

10 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Тешкиот период за Линдзи Вон (42) сè уште не е завршен. Легендарната американска скијачка повторно ќе мора да биде оперирана, а претстојниот зафат ќе биде деветти во нејзината медицинска битка по страшниот пад на Зимските Олимписки Игри во Милано 2026.
  • Вон откри дека лекарите сè уште не можат со сигурност да го предвидат исходот од интервенцијата и дека повеќе детали ќе има по завршувањето на операцијата.
  • „Ова ќе биде моја деветта операција и се молам да биде последна. Некои работи можат да се променат за време на зафатот, па мораме да почекаме и да видиме како ќе помине сè. Ќе ве информирам за опоравувањето веднаш штом излезам од операционата сала“, порача Американката.

  • Американката важи за една од најдобрите скијачки на сите времиња. Во нејзината трофејна кариера има три златни медали од Олимписките игри, а го освојуваше и Светскиот куп четири пати.  
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Побарано - добиено

Балканштина
3

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
4

Конечна српска победа над Клинтон

Балканштина
5

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

6

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

7

Колку песни собира една песна?

Музика
8

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

1

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
2

Доскорешна ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал прогласен за непријател на Украина

Фудбал
3

Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбал
4

Лацио фанс Индонезија се на седмо небо

Навивачи
5

Чурлинов: Денеска нема екипа што не може да се победи

Фудбал
6

Зарем ова е нормално во хокеј на мраз?

Разно
7

Вардар едвај најде слободна сала за градското дерби

8

Зидан повика играч од втора германска лига за репрезентација

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ете го чарето!

Од шамија до чаршаф

Не постои такво нешто како "дроља"

Кога татко ти е дилајла

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy