Плејоф двојки за Лига Европа:
Шкендија - Милан
Вардар - Фенербахче
Ајакс - Розенборг
Осијек - Австрија Виена
Црвена Звезда - Краснодар
Алтах - Макаби Тел Авив
БАТЕ Борисов - Олександрија
Клуб Бриж - АЕК
Маритимо - Динамо Киев
Динамо Загреб - Скендербег
Лудогорец - Судува
Панатинаикос - Атлетик Билбао
Аполон - Митјиланд
Домжале - Марсеј
Партизан - Видеотон
Хафнафјордур - Брага
Евертон - Хајдук Сплит
Утрехт - Зенит
Легија - Шериф
Виторул - Салцбург
Викторија Плзен - АЕК
ПАОК - Остерсунд
Инаку УЕФА утринава ги формираше групите и со тоа се стесни кругот на можни противници на Вардар и Шкендија во плејофот.
„Црвено-црните“ се најдоа во третата група и за ривали можеа да добијат една од следниве екипи: Ајакс, Фенербахче, Лудогорец, БАТЕ Борисов, Динамо Загреб и Макаби Тел Авив.
На Шкенција можни противници им беа: Милан, Динамо Киев, Краснодар, Клуб Бриж и Австрија Виена.
Фудбалерите на Шкендија го добија најтешкиот противник, а тоа е седумкратниот европски првак Милан кој летово направи ремонт и купи околу 10 нови играчи. Многу тешка задача ќе има и македонскиот првак Вардар кој силите ќе треба да ги одмери против реномираниот турски клуб во Европа.
Натпреварите се играат на 17 и 24 август, но има еден проблем, една од екипите ќе треба да го помести терминот. И Вардар и Шкендија се паднаа на 17-ти август да бидат домаќини, а претпоставките се дека и двете екипи ќе играат на Телеком арената.