Италијанскиот третолигаш Виртус Франкавила синоќа налета на расположениот Александар Трајковски кој по четирите гола на пријателска, овој пат блесна со хет-трик во Куп натпревар. Палермо на крајот славеше 5:0, а во следното коло ќе игра со Каљари. Во игра беше и капитенот Несторовски кој не постигна погодок.