Ибрахимовиќ во Ѓорче и Роналдо во Чаир се подзаборавени, ама вистинити приказни за кои тогаш не се кревало прашина, бидејќи уште биле млади и не биле прославени.
Кристијано Роналдо како 18 годишник прв пат гостувал во Скопје на 6 септември 2003-та на квалификациски натпревар меѓу младинските селекции на Македонија и Португалија одигран на стадионот во Чаир.
Од тој дуел за жал нема снимка или фотографии. Португалците предводени од Роналдо и Кварезма го докласираа тимот на Бобан Бабунски во кој настапија Пандев, Шиков, Гроздановски, Попов, Тасевски, Балдовалиев, Глигоров...
По 14 години, ете го Роналдо денеска пристигнува повторно во Скопје, но под сосема други околности.