Се работи за квалификацискиот дуел за ЕП 2002 меѓу Македонија и Шведска за играчи до 21 година кој на 1 септември 2001 година се играше на стадионот во Ѓорче.
Селекторот Никола Илиевски Џиџи настапи со дел од јунаците кои следната 2002-та ѝ извадија реми на Англија во Саутемптон. Зборуваме за Пандев, Стојков, Шумуликоски, Гроздановски, Попов, Васоски.
Од другата страна бранеше Андреас Исаксон кој меѓу другото потоа стана голман на Јувентус, Манчестер Сити и ПСВ, а во моментов член е на Јургорден.
Еден од играчите во среден ред беше Ким Калстром кој потоа шест сезони (2006-2012) беше првотимец на Лион, беше на позајмица во Арсенал и годинава кариерата ја заврши во Грасхоперс.
Ѕвезда во подем се знае кој. Единствениот Златан кој тогаш стана тазе играч на Ајакс откако тоа лето направи трансфер од Малме за околу 9 милиони евра.
Уживајте во легендарното видео во кое стрелци се токму Пандев и Ибра за конечни 1:1. Потоа даваат и изјави.
16 години подоцна Златан vs Горан во трофеи 31:9, ама Златан нема освоено Лига на шампиони.