МАКЕДОНИЈА (Вардар и Шкендија)
Во Македонија летово владее фудбалска треска бидејќи за прв пат во историјата имаме две екипи кои се на 180 минути до пласман во групната фаза во Лига Европа.
Откако Вардар го елиминираше Малме, скопјани со оглед на победата од 1:0 над Копехаген се надеваа на уште едно изненадување против скандинавски екипи со кое ќе имаа обезбедено најмалку групи, но сепак ќе ја чекаат втората шанса за историја.
Шкендија тргна од првото коло во ЛЕ и ги елиминираше сите три екипи кои им стоеа на патот: Дачија од Молдавија со 7:0, Хелсинки од Финска со 4:2 и Тракаи од Литванија со 4:2.
Плејоф за ЛЕ:
Шкендија - Милан
Вардар - Фенербахче
СРБИЈА (Партизан и Црвена Звезда)
По истиот пат на Вардар чекореше и Партизан. Во 2-то коло беше подобар од Будуќност Подгорица, а во 3-то елиминиран од Олимпијакос, што значи дека му следува плејоф двомеч во ЛЕ.
Црвена Звезда во првите две кола имаше лесна задача бидејќи за противници ги доби аутсајдерите Флориана од Малта и Иртиш Павлодар од Казахстан, но во 3-то коло елиминираа сериозен противник, а тоа е Спарта Прага.
Плејоф за ЛЕ:
Партизан - Видеотон
Црвена Звезда - Кранодар
ХРВАТСКА (Ријека, Динамо Загреб, Осијек и Хајдук)
Најголем број претставници во плејофот на двете клупски европски натпреварувања имаат Хрватите.
По двата пласмани во групната фаза во ЛЕ во сезоните 2013/2014 и 2014/2015, Ријека има уште една пречка за да се избори за историски влез во групите во ЛШ. Во 2-то коло го декласираше Њу Сеинтс од Велс со вкупни 7:1, а во 3-то го изненади фаворитот Салцбург. Хрватскиот шампион каде играат македонските репрезентативци Ристовски и Жута го доби најтешкиот противник во плејофот.
Едно од најголемите изненадувата во 3-то коло од ЛЕ го приреди Осијек кој го шокираше ПСВ, инаку редовен учесник во Европа и тоа со две победи од по 1:0. Во прво и второ коло ги минаа Санта Колома од Андора и Луцерн.
Хајдук имаше потешка задача бидејќи до плејофот стигна преку Левски Софија и Брондби, а Динамо Загреб, стартуваше од 3-то коло каде го елиминираше Одс од Норвешка.
Плејоф за ЛШ:
Олимпијакос - Ријека
Плејоф за ЛЕ:
Осијек - Австрија Виена
Динамо Загреб - Скендербег
Евертон - Хајдук Сплит
СЛОВЕНИЈА (Марибор и Домжале)
Марибор имаше среќа на ждребот во квалификациите за ЛЕ и во 2-ро и 3-то коло ги елиминираше Зрински Мостар и Хафнафјордур од Финска. Поради киксот на Легија, Лудогорец и БАТЕ Борисов се најде меѓу петте носители во ждрепката за плејоф во ЛШ, заедно со Олимпијакос, Селтик, Копенхаген и АПОЕЛ.
Заедно со Осијек, сензација на синоќешните натпревари од ЛЕ направи и Домжале кој успеа да го елиминира Фрајбург. На првиот дуел загуби 1:0, но вчера покажа дека нема откажување против бундеслигашот кој го шокираше со 2:0.
Плејоф за ЛШ:
Хапоел Бер Шева - Марибор
Плејоф за ЛЕ:
Домжале - Марсеј
ГРЦИЈА (Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК )
Олимпијакос е редовник учесник во фазата по групи во ЛШ. На патот до плејофот им стоеше Партизан кого го елиминираа со 5:3 и го испратија во ЛЕ. На истата сцена се бореше и АЕК од Атина, но во 3-то коло на налета на поквалитетната ЦСКА Москва. Се префрла во плејофот за ЛЕ, каде ќе биде неносител.
Во 3-то коло за ЛЕ, Панатионаикос ја мина Кабала од Азербејџан, а ПАОК беше подобар од Олимпик Доњецк. Грција имаше можност да има пет претставници, но Паниониос беше елиминиран од Макаби Тел Авив.
Плејоф за ЛШ:
Олимпијакос - Ријека
Плејоф за ЛЕ:
Панатинаикос - Атлетик Билбао
ПАОК - Остерсунд
Клуб Бриж - АЕК
БУГАРИЈА (Лудогорец)
Бугарскиот првак Лудогорец кој има две учества во групна фаза од ЛШ, синоќа славеше 2:0 против Хапоел Бир Шева, но беше кус за еден гол бидејќи на првиот дуел загуби 2:0. Оди еден ранг подолу.
Плејоф за ЛЕ:
Лудогорец - Судува