Мотивите на Нејмар за заминувањето од Барселона

Ромарио го освои во 1994-та. Потоа дојде редот на Роналдо во 1996-та и 1997-ма и повторно во 2002-ра. Ривалдо беше избран во 1999-та, Роналдињо во 2004-та и 2005-та, а Кака во 2007-ма.

Во период од 13 години петмина Бразилци ја освоија наградата за најдобар играч во светот според ФИФА. Тоа се случи во осум прилики и на тој начин тие оставија аманет за следните генерации.
 
Кариерата на Нејмар ќе се протолкува од самиот себе си и од другите Бразилци, како пропуштен потенцијал ако не ја добие таа награда, која важи за најпрестижна.
 
Ако сакате да знаете зошто 25 годишниот напаѓач сака да ја напушти Барселона и да оди во ПСЖ, тогаш клучно е да го разберете тоа како тој ќе биде запаметен во Бразил. Тоа е најважно.
 
Но и покрај тоа, исто така постои прашањето зошто ПСЖ е следниот негов чекор ако конечно ја освои наградата која му бега?

КАКО НЕУСПЕСИТЕ ЈА ОБЛИКУВААТ КАРИЕРАТА НА НЕЈМАР
 
Како и сите неуспешни приказни, така и неуспехот игра улога во она што му се случува на Нејмар. Тоа беше неверојатниот кикс на СП 2009 У-17 во Нигерија, кога Бразил беше една од осумте селекции кои не успеаа да одат понатаму од групната фаза.
 
Головите на Нејмар и Кутињо недостасуваа кога најмногу беа потребни, а Нејмар тогаш веќе беше млада ѕвезда во првиот тим на Сантос.
 
Лекцијата беше јасна. Глобалниот фудбал е тежок и тој мораше да биде спремен пред да го помине Атлантикот. Челси мислеше ќе го има обезбедено, но тој остана во Сантос до 2013-та, избегнувајќи ги стапиците од предвремениот потег.
 
Другиот соодветен неуспех беше на оној кој му беше идол на Нејмар, а тоа е Робињо, инаку поранешна ѕвезда на Сантос. Кога во 2005-та направи трансфер во Реал Мадрид, автоматски се претпоставуваше дека наградата за најдобар играч во светот повторно ќе кружи во Бразил.
 
Еден медиумски експерт и поранешен бразилски напаѓач, сметаше дека Робињо ќе биде подобар од сите претходни Бразилци со исклучок на Пеле. Но историјата го покажа спротивното.
 
Нејмар, тогаш беше свесен дека неговата кандидатура за светска доминација ќе треба да се направи чекор по чекор, што ја направи Барселона толку примамлива перспектива.

ИЗЛЕГУВАЈЌИ ОД СЕНКАТА НА МЕСИ
 
Нејмар и се приклучи на Барса во 2013-та. Притисокот ќе биде исклучен.
 
Поранешното бразилско крило Денилсон на пример, пред две децении го направи најскапиот трансфер и доби задача да го носи на плеќите просечниот Реал Бетис. Нејмар го немаше овој проблем. Неговиот пат во европскиот фудбал беше полесен бидејќи беше во сенка на Меси.
 
Но проблемот е што Нејмар не сака засекогаш да биде во сенка на Меси, бидејќи како ќе ја освои најпрестижната индивидуална награда ако не е најистакнат играч во својот тим?
 
Тоа значи дека или Меси ќе се пресели, а Нејмар ќе го замени како клучна точка во нападот или ќе си замине Нејмар. Меси потпиша нов договор и тоа значи дека останува прва виолина во догледна иднина.

Иако претседателот на Барса, Џозеп Марија Бартомеу рече дека Нејмар нема да го напушти клубот, медиумите пишуваа дека ПСЖ му нуди на Нејмар можност да го води клубот и плус ќе има дополнителни бонуси.
 
Оваа сезона завршува со Светско првенство, кога Нејмар треба да биде во врвна состојба. Во француската лига тој ќе биде во можност да победи и да се повлече, за да обезбеди доволно гориво за во Русија.
 
Преселбата во Париз има многу ладна и тешка смисла. Неговите атракции се јасни во очите на оние околу Нејмар и мудро е да се запамети дека структурата околу него, значи дека клубовите се договараат со ограничена компанија колку што е еден маж.
 
Татко му, агентите и советниците имаат свои страгетии и ставови, но никој ја нема радоста, што се доживува заедно со Меси и Суарез во Барселона. Она што е најдобро за брендот, не мора да значи дека ќе биде најдобро за играчот.

 
„Нејмар многу научи да игра во Барселона со Меси“, напиша Тостао, инаку освојувач на Мундијалот 1970-та кој секогаш важи за мудар глас во бразилскиот фудбал.
 
„Не постои контрадикција меѓу, од една страна среќата што ја има играјќи за еден од најголемите тимови и пријателството што го чувствува за Меси, а од друга страна неговата желба да биде уште попознат и да стане поголема ѕвезда од она што е“.
 
„Невозможно е да се предвиди кој избор ќе биде подобар или полош за Нејмар“, вели Тостао.

Извор: БиБиСи

3 август 2017 - 15:53