Промена на планот за мечот Вардар - Алкалоид
10 ноември 2026
- Дерби-натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено, соопштуваат од Вардар.
- Датумот и почетокот на натпреварот остануваат исти, 14 ноември, сабота, со почеток од 18:30 часот.
- Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ и со помалку навивачи.